Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го критикуваше излегувањето на Велика Британија од Европската унија, нарекувајќи го „политичко и економско лудило“.
– Иако некои сектори на француската економија би биле погодени доколку не се постигне трговски договор со Лондон, таквиот исход повеќе ќе и наштети на Велика Британија, предупреди францускиот министер за финансии.
– Британците ќе бидат најголемите губитници од брегзит, инсистираше Ле Мер.
Ирскиот прв министер Мајкл Мартин, пак, рече дека и Европската унија и Велика Британија ја разбираат сериозноста на брегзит без договор, што значи дека не е постигнат договор за нивните трговски односи по крајот на транзицијата по брегзит.
Мартин изрази оптимизам и се надева дека ќе се постигне договор, имајќи предвид дека преговорите се уште траат, но додаде дека не би сакал да ги „минимизира значителните разлики“ и другите предизвици.
Претходно, Мартин предупреди дека брегзит без договор ќе биде „голем неуспех“.