четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија очекува до март 11 милиони дози вакцини против Ковид-19

Германија очекува до март 11 милиони дози вакцини против Ковид-19

Германија очекува до март следната година да добие 11 милиони дози од вакцината на „БиоНТек“ против Ковид-19, соопшти денеска германското Министерство за здравство.

Само во јануари три до четири милиони дози од вакцините ќе бидат обезбедени за вакцинација во Германија, изјави портпарол на Министерството.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен денеска за 16.362, достигнувајќи вкупно 1.337.078 заразени, покажуваат податоците на Институтот Роберт Кох.

Од коронавирус починаа уште 188 луѓе, а од почетокот на пандемијата вкупниот број на смртни случаи изнесува 21.975.