четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: До кој степен е криминализиран Заев покажува тоа што за превоспитувач на престапниците стави престапник на законот

ВМРО-ДПМНЕ: До кој степен е криминализиран Заев покажува тоа што за превоспитувач на престапниците стави престапник на законот

До кој степен е криминализиран Заев покажува тоа што за превоспитувач на престапниците стави престапник на законот. Зоран Заев поставува луѓе со сомнителна позадина на чело на институции. Филип Андов – Сокол нема кредибилитет за директор на затворот Шутка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сокол е главниот извршител на Заев кога треба да се врши прогон, како тоа од советник за Скопје на Заев стана превоспитувач на затворениците. Сокол беше човекот кој за време на изборите направи инцидент врз Игор Дурловски. Името на Сокол се поврзува со низа инциденти, велат од партијата.

– Дали безпоговорното извршување на наредбите на Заев за инциденти се главната карактеристика за назначувањето на Сокол за директор на Шутка?! Во објектите на Сокол чест гостин е и Вице Заев, па нејасно е дали и блискоста со Вице го носи на чело на затворот Шутка?! Назначувањето на Сокол покажува дека СДСМ не се менува, тие продолжуваат со насилие и криминал, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести