понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трамп на советници им рекол дека ќе одбие да ја напушти Белата куќа на 20 јануари

Трамп на советници им рекол дека ќе одбие да ја напушти Белата куќа на 20 јануари

Наспроти традицијата, сегашниот американски претседател Доналд Трамп не сака доброволно да ја напушти Белата куќа на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави Си-Ен-Ен.

Трамп им порача на неколкумина свои советници дека на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, тој ќе одбие да ја напушти Белата куќа самоволно и ќе мора да биде принуден со сила да замине по скалите.

Некои официјални лица се загрижени за таа изјава, но не веруваат дека Трамп ќе го направи тоа.

„Тој ќе ја напушти (Белата куќа). Само што сега е налутен“, објасни еден советник.

Претходно, Аксиос јави дека Трамп планира да замине од Белата куќа со хеликоптер на 20 јануари, а потоа да лета за Флорида со „Ер форс еден“ и да зборува на голем митинг пред неговите приврзаници, каде што ќе го објави своето учество на претседателските избори. во 2024 година, со што ќе ги пропушти сите официјални церемонии во главниот град.

Традиционално во САД на денот по црковната служба, идниот претседател и потпретседател пристигнуваат во Белата куќа, се состануваат со своите претходници и пијат чај.