сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Собранието е претворено во фабрика која ги носи законите во интерес на кланот Заеви

Василевска: Собранието е претворено во фабрика која ги носи законите во интерес на кланот Заеви

Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во утринската емисијата на телевизија Алфа зборуваше за законот за попис и законот за државјанство и посочи дека, за жал, Собранието е претворено во една фабрика каде власта си ги носи законите онака како што има потреба во интерес на кланот Заеви.

-Во македонското Собрание има еден привид дека законодавниот дом е свето тело на претставништвото на народот и на граѓанската волја, но во суштина и за жал нашето Собрание е претворено во една машина, во една фабрика во која власта со своето мнозинство си ги продуцира своите закони по онаква мерка каква што има потреба и како што се договорени политичките и другите бизнис интереси на кланот Заеви. И тоа е евидентно. Во однос на политичкиот дел ако зборуваме за овој другиот кој отвара и криминогени аспекти, мислам дека и нашиот потпретседател Александар Николоски повеќе пати изминатиот период говореше за тие теми, јас ќе се осврнам повеќе на политичкиот дел и на она што е дел од политичкиот инженеринг и пазарењата со коалициските партнери, но и а онаа агенда која дефинитивно оваа хибридна власт ја спроведува за да ја трансформира Република Македонија во нешто што ние не можевме ни да замислиме дека е возможно некој да се дрзне да го направи. Помеѓу другите сет мерки и закони кои што ги туркаа на брза лента, со злоупотреба на европското знаменце, со непренципиелни преговори и договори доаѓа на ред и овој процес кој не е случаен и не е наивен и отвара многу дилеми и прашања кои ние можеме и детално да ги елаборираме, рече Василевска.

Најнови вести