среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Села ја поддржува интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Димитров

Села ја поддржува интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Димитров

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека во Собранието ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација.

„Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација“ – рече тој.

Како што претходно најавија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието вчера поднесе предлог за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров со образложение дека го игнорирал Парламентот.

Најнови вести