На 21.12.2020 во 20.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Р.(56) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 парчиња различни пиротехнички средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.