сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продажбата на нови возила во ЕУ опадна за 25 отсто во последните 11 месеци

Продажбата на нови возила во ЕУ опадна за 25 отсто во последните 11 месеци

Влијанието на пандемијата на коронавирусот остави сериозни последици во автомобилската индустрија, бидејќи во периодот јануари-ноември 2020 година, продажбата на нови патнички автомобили во Европската унија се намали за 25,5 проценти на годишно ниво.

Продажбата падна од минатогодишните приближно 12 милиони возила на околу девет милиони за 11 месеци годинава.

Најголем пад на годишно ниво во набљудуваниот период е забележан во Хрватска, од 42,4 проценти, потоа во Португалија и Бугарија (по -36,4 отсто), Шпанија (-35,3 отсто), Грција (-30,7 отсто) и Естонија. (-30 отсто).

Остриот пад на регистрациите на нови автомобили е забележан и во Италија (-29 отсто), Франција (-26,9 отсто), додека во Германија е минус 21,6 проценти.

Од друга страна, продажбата на нови возила најмалку падна во Литванија (-16,2 отсто), Шведска (-16,4 отсто), Данска (-16,5 отсто) и Финска (-16,7 отсто).

Според Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА), само во ноември оваа година, бројот на регистрирани нови автомобили паднал за 12 проценти, на 897.692 единици, што се припишува на новите мерки воведени од земјите за борба против вториот бран на пандемијата на Ковид-19.

Кога станува збор за производителите на автомобили, групацијата „Фолксваген“ има најголем удел на пазарот во ЕУ оваа година (25,6 отсто), со продадени 2,3 милиони возила, по што следува францускиот ПСА (15,4 отсто), кој за 11 месеци продаде речиси 1,4 милиони единици и „Рено“ (11,5 отсто) со испорачани нешто повеќе од еден милион нови автомобили.