петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се намалуваат водостоите на реките

Се намалуваат водостоите на реките

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просекот за декември и кај најголем дел од нив бележат дополнително намалување на нивото во однос на вчерашното.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), исклучок е Вардар на мерното место кај Јегуновце каде има мало зголемување на водостојот во однос на вчера.

Пониски од просечните се и водостоите на Преспанското и Охридското Езеро и тоа  за 2,5 метри кај Преспанското и за 23 сантиметри кај Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,62 метри повисоко од повеќегодишниот просек за декември.

Најнови вести