Полициски службеници од СВР Тетово, вчера го привеле 50-годишниот тетовец З.К.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека лицето е приведено на улица „146“ откако кај него биле пронајдени 1.116 парчиња разни пиротехнички средства, претежно петарди.
Пиротехничките средства се одземени, а Јосифоски посочува дека по целосно документирање на случајот против З.К. ќе биде изготвен соодветен поднесок по Законот за заштита од експлозивни материи.