Пронајдено е телото на мажот што вчера исчезна во Дренска Река, за МИА потврдија од полицијата. Засега не можат да дадат повеќе детали за случајот. Медицинска екипа на лице место треба да ја утврди состојбата.
Мештанин на селото Дрен за МИА рече дека цела вечер полиција, мештани и други луѓе учествувале во потрагата по течението на реката.
-Дренска Река вчера многу надојде наеднаш. Човекот бил уште со двајца други. Сакале да ја поминат реката со џипот. Реката го завлекла џипот. Другите двајца се спасиле, раскажа еден од ретките жители на селото за МИА.