На 29.12.2020 околу 18:25 часот во тетовско Пршовце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле И.Ф.(55) од ова село, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени околу 1.500 разновидни пиротехнички средства.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен поднесок по Законот за заштита од експлозивни материи.