сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Силен земјотрес меѓу грчки острови

Силен земјотрес меѓу грчки острови

Во морскиот дел меѓу грчките острови Икариа и Самос, беше регистриран земјотрес од 4.3 степени, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил на 32 километри североисточно од островот Икариа, во близина на турското крајбрежје, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета. (МИА)