недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Околу 900 мигранти во БиХ Новата година ќе ја дочекаат на ливада

Околу 900 мигранти во БиХ Новата година ќе ја дочекаат на ливада

Советот на минситри на Босна и Херцеговина денеска побара од властите во Унско-санскиот кантон да дозволат повторно отворање на поранешниот прифатен центар во Бихаќ во кој повремено би се сместиле мигрантите од кампот Липа, што беше затворен минатата недела.

Властите во Унско-санскиот кантон одбиваат враќање на мигрантите д Липа во Бихаќ и бараат тие привремено да се сместат во прифатниот центар Салковац во Херцеговина или во Делијаш во близина на Сараеви се додека Липа се опреми со контејнери и овозможи безбедни услови.

Меѓународните хуманитарни организации вчера ги повика властите во БиХ да реагираат бидејќи најмалку 900 мигранти од кампот во село Липа се оставени на ливада бидејќи не е реализиран планот за нивен привремено сместување во херцеговачкото место Брадина. Доаѓањето на мигрантите беше попречено од жителите на Брадина.

Меѓународните организации за миграција и хуманитарните организации ги повикаа властите на БиХ да преземат мерки согласно меѓународното и националното право во рамките на човековите права.

Мигрантскиот камп во Липа минатат недела беше зафатен од пожар во кој изгоре целата инфраструктура.