Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Ѓ.П. (19) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 01.12.2020, откако му било одредена изолација во домашни услови, Ѓ.П. во спортска обложувалница во Неготино
извршил уплата со физичко присуство.