вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Нетпрес“: Близок партиски човек на Заев дел од инцидентот со полицијата во Кисела Вода

„Нетпрес“: Близок партиски човек на Заев дел од инцидентот со полицијата во Кисела Вода

Во кафулето „Манго“ во населбата Кисела Вода, доцна попладвено се случи инцидент, при што дел од гостите грубо им се спротивставиле на полициски службеници, кои во моментот вршеле контрола.

Во локалот, заедно со лицата кои ги навредувале полицајците, бил и поранешниот советникот на Зоран Заев – Филип Андов Сокол, кој од неодамна е назначен за директор на затворот Шутка, објави Нетпрес.

Групата почнала да се конфронтирала со полицијата бидејќи кафулето требало да се затвори поради истекот на работното време, кое во моментот е до 18 часот. Со пцости и закани кон полицијата, две лица кои седела на иста маса со Андов одбивале да си замине од кафулето, а расправилата се вжештила надвор, пред локалот.

Поднесени се прекршочни пријави, по четири различни основи за двајцата кои биле со Андов, но не и за него. Пријавите се за неносење маска, дрско однесување, непослушување наредба и оддавање на пијанство на јавно место, објави порталот.

Најнови вести