четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Босна прогласен Ден на жалост по смртта на осумте тинејџери

Во Босна прогласен Ден на жалост по смртта на осумте тинејџери

На територијата на цела БИХ е прогласен ден на жалост поради смртта на осум тинејџери во Посушје.

Поради оваа трагедија, оддржана е вонредна седница на министерскиот совет во БИХ, за прогласување на Ден на жалост.

Државните министри донеле одлука околу прогласување на ден на жалост на територијата на цела земја на 2. јануари, поради смртта на четири машки момчиња и четири девојчиња за време на новогодишната ноќ, пренесува „Аваз“.

Откажани се сите културни настани, а угостителските објекти во Посушје се затворени.

Претходно ден на жалост прогласи и Владата на федерацијата БИХ.