вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Гол популизам или колапс?

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Гол популизам или колапс?

ГОЛ ПОПУЛИЗАМ ИЛИ КОЛАПС?!- прашуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение:

Неодамна, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на гостувањето во емисијата „Економски магазин” на Телевизија Алсат М, каде одговораше на прашања поврзани со работењето на Државните електрани на Македонија (АД ЕСМ) и плановите за развој на енергетскиот систем во државата, покрај лагите кои ги пласираше за работата хидро и термоцентралите, енергетскиот развој изјави и дека во согласност со Владата на Република Македонија ќе понуди за 2021 година иста цена односно слична цена за произведената електрична енергија како и во 2020 година до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ со цел да нема поскапување на цената на електрична енергија за домаќинствата односно да спречи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да донесат одлука за ново поскапување на цената на струјата во Јуни 2021 година.
За лошото работење на хидроцентралите кои моментално се нефункционални поради празните акумулации кои неплански се трошеа за Васко Ковачевски да се пофали дека има зголемено производство и извоз на електрична енергија за сега да имаме увоз на електрична енергија по повисоки цени што ќе генерира финансиски загуби на АД ЕСМ. Иако, во емисијата изјави дека “…Охридското езеро е на долна граница во моментот, не е под минимумот и со тоа никогаш не сме го надминале..” во периодот 25.11. до 10.12.2020 година Охридско езеро е под минималната кота. ХЕЦ „Вруток” е во застој поради намалена кота и лошо планираните ремнотни активности. Иако, Ковачевски за намаленото производство од хидроцентралите се оправдува со неповолна хидролошка состојба, сушна година… Факт е дека и 2017 и 2019 година се посушни години од 2020 година.
Интерерсен е фактот, што наеднаш според Ковачевски 2020 година од сушна година станува една од најдожливите години и си измислува елементарна непогода поплава кога се работи за намаленото производство во РЕК Битола, а не наведе дека за поплавената рударска опрема, појавените свлечишта, немањето на откривка на јаглен, празната Депонија за јаглен (ниту еден ден немало повеке од 50 000 тони јаглен. Најчесто депонијата се движела од 20 000 до 30 000 тони), лошиот квалитет на јаглен и зголемената потрошувачка на мазут причината е нестручното раководење на технолошкиот процес.
А, пак за РЕК Осломеј, иако изјавува за изградба на фотоволтаични Електрани паралелно се подготвуваат за вршење набавка на јаглен, од старт сомнителна набавка, затоа што веќе тестираат јаглен од потенцијалниот Добавувач.
Но, исто така загрижувачки е фактот што Ковачевски соопштува дека цената за електричната енергија која што ќе се понуди струјата на ЕВН ХОМЕ нема да биде зголемена со цел да не дојде до повторно поскапувањена струјата од страна на РКЕ. Со што Ковачевски врши директен упад во работата на РКЕ која што по закон е независно регулаторно тело и во работата на ЕВН ХОМЕ.
Пред донесувањето на Законот за енергетика од 2018 година, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги – РКЕ го контролираше приходот на АД ЕСМ и цената на произведен kWh според признаени трошоци. Со донесувањето на овој Закон сега тоа право РКЕ го нема врз АД ЕСМ, кое стана претпријатие кое работи на слободниот пазар и самостојно ја одредува својата производна и продажна цена согласно пазарни услови. Така да веќе две години АД ЕСМ не е регулирано претпријатие и РКЕ не ја одредува цената на произведен киловатчас за АД ЕСМ.
Според Законот за енергетика, АД ЕСМ за 2021 година мора да му понуди најмалку 70% од вкупните годишни потребите на снабдувачот – ЕВН Хоме како универзален снабдувач на аукција, но ЕВН Хоме не мора да ја прифати понудата, ако истата е повисока од другите снабдувачи.
Па сега секој ќе си постави одредени прашања на кои АД ЕСМ и Васко Ковачевски треба јавно да одговорат:
– Која ќе биде производната цена за kWh на АД ЕСМ за 2021 година?
– Дали ќе биде помала од 34 Евра/MWh?
– Дали АД ЕСМ знае колку е производна цена за 2020 година во услови кога во 2020 година производството е историски најмало од постоењето на АД ЕСМ претходно АД ЕЛЕМ?
– Доколку реалната производна цена е околу 45 Евра/MWh како тогаш ЕСМ ќе функционира ако продава по 38 ЕВРА/MWh?
– Дали се планира загуба и намерно носење во колапс на ЕСМ?
– Како ЕСМ ќе ги плаќа доспеаните обврски по кредити?
– Како ЕСМ ќе инвестира во нови постројки и инвестиции?
– Дали повотрно со кредити кои нема да може да ги враќа?
– Зошто сега популистички изјави кога е јасно дека со носење на Законот за енергетика во 2018 година се оди на зголемување на цената на електрична енергија согласно пазарните услови на берзите за електрична енергија?
– Зошто СДСМ го донесе Законот за енергетика каде АД ЕСМ не е регулиран и излегува на слободен пазар со лажно тврдење дека така ќе се одржува ниска цена на електрична енергија?
Во моментов има две решенија.
Едното е најверојатно зголемување на цената за најмалку 25% за домаќинствата и малите потрошувачи. Другото е колапс на ЕСМ.
Изборот е на власта!
На здравје народе со СДСМ!

Најнови вести