вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бразил: 222.798 пожари за една година, над 103 илјади во Амазонија

Бразил: 222.798 пожари за една година, над 103 илјади во Амазонија

Бројот на пожари во Бразил минатата година се зголеми за 12,7 проценти, достигнувајќи највисоки цифри за изминатата деценија. Тоа се наведува во официјалните податоци кои веројатно ќе го зголемат притисокот врз Владата на претседателот Жаир Болсонаро во врска со уништувањето на шумите во Амазонија.

Во текот на 2020 година низ Бразил имало вкупно 222.798 пожари, што е најголема бројка од 2010 година, според бразилската вселенска агенција ИНПЕ. Тоа вклучува повеќе од 103.000 пожари во бразилскиот дел од Амазонската прашума, што претставува годишно зголемување од речиси 16 проценти, соопшти ИНПЕ, кои користат сателитски снимки за следење на пожари и уништување на шумите.

Во цифрите се и повеќе од 22.000 пожари во делот на Бразил во Пантанал, најголемите мочуришта во светот, кои беа силно погодени лани со годишно зголемување за повеќе од 120 проценти.

Амазон и Пантанал се два од највредните екосистеми на Земјата.

Амазон, најголемата дождовна шума во светот, се смета за витална за ограничување на климатските промени поради јаглерод диоксидот што го апсорбира од атмосферата. Околу 60 проценти од прашумата се наоѓа во Бразил. Пантанал како што е наречен – рај на биодиверзитетот, се протега од Бразил до Боливија и Парагвај.

Речиси една четвртина од бразилскиот Пантанал беше уништена од пожари минатата година, во услови на најголема суша во регионот во скоро половина век