Водостојот на Преспанското Езеро е зголемен за еден сантиметар во однос на вчера, а на Дојранското за два, додека нивото на Охридското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа водостојот на Охридското Езеро е на нултата кота и е за 28 сантиметри понизок од просекот за јануари, а на Преспанското Езеро е 48 сантиметри понизок од апсолутниот минимум, односно за 1,51 метар понизок од повеќегодишниот просек за овој месец. За разлика од нив нивото на Дојранското Езеро е за 2,87 метри повисоко од просечното.
Повисок водостој од вчерашниот имаат и сите реки во земјава, иако кај голем дел од нив тој е понизок од просекот за јануари.