петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Моментот кога тлото се тресеше без престан- видео од новиот земјотрес во Хрватска

Моментот кога тлото се тресеше без престан- видео од новиот земјотрес во Хрватска

Нов силен земјотрес вечерва е почувствуван во Хрватска. Според првичните информации потресот бил со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер. Земјотресот е регистриран на 45 километри југоисточно од Загреб.

Силниот земјотрес кој вечерва е регистриран кај Петриња во Хрватска предизвикал оштетувања на дел од објектите, но како што јавуваат хрватските медиуми главно на оние објекти кои беа оштетени од силниот земјотрес кој го погоди овој дел на Хрватска пред крајот на старата година.

Засега нема информации за евентуално настрадани лица, а градоначалникот на Петриња најави евакуација на центарот на градот, бидејќи како што рече таму се најголемите штети и опасно е останување на луѓето во тој дел на градот.

И жителите на Сисак ги напуштија своите домови стравувајќи од нови потреси.

Во Глина се урнати две куќи, кои беа општетени од претходниот силен земјотрес, оштетувања има и на зградата на полицијата во Петриња.

Градоначалникот на Петриња вели дека состојбата е катастрофална, а голем дел од граѓаните со коментар дека ниту психички повеќе не се во состојба да ја издржат оваа ситуација.

Видео од моментот на вечерашниот земјотрес: