понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Битола се одбележува Денот на основање на УКЛО

Во Битола се одбележува Денот на основање на УКЛО

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-УКЛО, го одбележува 25 април денот на основањето на Универзитетот во Битола.

Празничната програма почна да се реализира синоќа со спортски натпревари на студентите од битолскиот и други универзитети од државата, денес ќе се одржи традиционалниот натпревар во ораторство „УКЛО ТРИВИУМ“, а утре ќе се одржи промоција на 14 доктори на науки кои во изминатата академска година докторирале на овој Универзитет.

– Централниот настан со кого ќе потсетиме на 25 април 1979 година, кога е основан УКЛО-Битола ќе се одржи во петок за кога се планирани  „WIN – WIN  Форум“  и свечена седница на Сенатот на УКЛО. На форумот фокус тема е соработката на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми, а обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, Глигор Бишев од Шпаркасе Банка и Симон Наумоски, претседател на одборот на директори во прехранбената индустрија, информираат од УКЛО-Битола.