вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мајкл Оливер ќе го суди финалето на ФА Купот

Мајкл Оливер ќе го суди финалето на ФА Купот

Фудбалската федерација на Англија одлучи Мајкл Оливер да суди на финалниот натпревар во ФА Купот меѓу Манчестер јунајтед и Челзи.

Судијата Оливер се најде во центарот на вниманието откако досуди пенал за Реал Мадрид во последните секунди на реванш натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите. Па наместо очекуваните продолженија Кристијано Роналдо постигна гол од белата точка и го исфрли Јувентус.

На одлуката која предизвика многу контроверзи жестоко реагираше голманот Џанлуиџи Буфон, кој го навреди судијата, по што доби црвен картон и суспензија.

Финалето во ФА Купот ќе се игра на 19 мај на „Вембли“, а триесет и три годишниот судија од 2010 година дели правда на натпреварите во Премиер лигата и очигледно ја има довербата на раководството на Фудбалската федерација на Англија.