недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пријава за лицето кое запали бугарско знаме во Вевчани

Пријава за лицето кое запали бугарско знаме во Вевчани

На 14.01.2021 во 15:00 часот, при дефилирање на василичарските маски во Вевчани, струшко, лице, кое било дел од василичарските маски, во рака држело знаме на Република Бугарија коешто, при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило.

Настанот е документиран и по утврдување на  идентитетот на лицето против него ќе биде поднесена соодветна пријава.