На 15.01.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале 10 гости.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.