Двајца возрасни граѓани вчера биле измамени од лица кои им нуделе огревни дрва.
Според информациите од полицијата првиот случај е пријавен од 81-годишен жител на Скопје кој бил измамен од едно лице за сума од 13.500 денари.
-Според пријавеното, на 12.01.2021 лицето дошло во неговиот двор во нас.Морани и му понудило огревни дрва на продажба, кои биле на главниот пат во товарно возило. Исто така, според пријавата, тој му ги дал парите на лицето и тоа заминало. Откако лицето не ги донело дрвата, пријавителот сфатил дека бил измамен, информира МВР.
Вториот случај е регистиран во Велес.
-83-годишен жител на Велес пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло кај него и му понудило огревни дрва за продажба, по што тој му ги дал парите. Како што е пријавено, лицето му кажало да почека половина час, но откако не се вратило, пријавителот сфатил дека бил измамен, нагласуваат од полицијата.
Во двата случаи МВР презема мерки за нивно расчистување.