вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Педро од Каљари обвинет за допингување

Педро од Каљари обвинет за допингување

Фудбалерот од средниот ред на Каљари, Жоао Педро е обвинет за користење на допинг, објавија италијанските медиуми.

Во примерокот на Бразилецот даден за допинг-котрола во февруари по натпреварот од Серијата А против Сасуоло (0:0), е пронајден диуретик хидрохлоротиазид.

26-годишниот Педро се соочува со четиригодишна дисквалификација.

МИА