недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Кристијан Шмит кандидат за висок претставник на меѓународната заедница во БиХ

Кристијан Шмит кандидат за висок претставник на меѓународната заедница во БиХ

Германскиот Бундестаг официјално ја потврди кандидатурата на Кристијан Шмит за кандидат за висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, пренесува „Независне новине“.

Според весникот, сегашниот висок претставник во БиХ, Валентин Инцко, исто така бил информиран од почеток.

Како што пишува „Независне новине“, Германија ги отфрла шпекулациите што се појавија во медиумите дека доаѓањето на Шмит е договорено со Русија и дека американската Влада не е информирана.

Германија сака да работи со сите без разлика на исполнување на условите 5 + 2 во БиХ за затворање на ОХР, за БиХ што побрзо да биде примена во ЕУ, пишува „Независне новине“.