среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: После Вевчани полициска бруталност и во беровско Ратево

ФОТО: После Вевчани полициска бруталност и во беровско Ратево

Со години наназад, чуваната и негувана традиција на Ратевски Бамбурци, оваа година прекината.

Имено, карневалот Ратевски Бамбурци кој секоја година се одржува на денешен ден во с.Ратево, Берово, оваа година не беше одржан, односно беше откажан поради забраната на Владата за масовни собири и манифестации поради корона пандемијата.

Карневалот во последните неколку години доби на популарност па маски на селскиот мегдан продефилираа и од соседните држави.

Имено со овој карневал се завршуваат некрстените денови,односно мештаните веруваат дека со маските направени во периодот од Божиќ до Св. Јован, од овчи и козји кожи, украсени со ѕвонци и разни клапатарки го истеруваат злото за наредната година.

Но по се изгледа, дека неколку млади кои не сакаа да ја напуштат вековната традиција па излегоа со неколку маски на Мегданот не да го истераа туку го најдоа злото.

Најмалку очекуваа униформирани полициски службеници кои ќе ги растеруваат од селскиот Мегдан, и ќе им попречат и така откажаниот карневал, некако барем да го одбележат.

Ситуацијата ескалирала до тој степен да се одземени неколку приватни телефони на некои од присутните кои го снимале настанот и полициската бруталност ,но засега дознаваме дека нема приведени.

Најнови вести