петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри во Токио

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри во Токио

Заменик генералниот секретар на владата на Јапонија Манабу Сакаи ги демантираше информациите за откажување на Летните олимписки игри во Токио поради пандемијата на коронавирус.

Информациите за откажувањето се појавија претходно во британското издание на „Тајмс“.

– Сакаме целосно да ги демантираме овие информации. Секако, мора да ја земеме предвид ситуацијата во странство и во одреден момент ќе се донесе одлука дали да се одржат Олимписките игри или не, но дотогаш владата ќе стори сé што е потребно за да се подготви за игрите, рече Сакаи.

Предвидено е Олимписките игри во Токио 2020 да се одржат од 23 јули до 8 август оваа година.