Јапонија воведе санкции за поединци и компанија поврзана со палестинската организација Хамас со седиште во Газа, се наведува во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи.
Со санкциите се замрзнуваат имотите на неколку поединци и на еден ентитет кои помогнаа во финансирањето на Хамас. Мерката е во согласност со новите санкции објавени од американската Влада претходно овој месец.
Тоа се први санкции што Јапонија ги воведе кон палестинската група по нејзиниот напад на 7 октомври, во кој, според израелските власти загинале повеќе од 1.400 луѓе. (МИА)