петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа во Собранието за реформите во образованието

ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа во Собранието за реформите во образованието

Време е министерката за образование и наука Мила Царовска да престане да се инаети и да ги слушне луѓето кои се експерти и доаѓаат од образовната фела, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Бараме итна јавна расправа во рамки на Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието на Република Македонија.

Законодавниот дом нуди можност преку своите матични комисии да се организираат јавни расправи на кои присуство ќе земат реномирани експерти од одредена област, во случајот за реформите во образованието, а не некакви средби со предходно поканети посушници кои се претставуваат како експерти, се со цел да се заобиколи предвидената процедура.
Време е Мила Царовска да покаже доблест и да не бега од транспарентност и да не бега од професионалците кои што и тоа како имаат што да кажат по повод новата концепција за реформи во основното образование.

Насилното туркање на ваква штетна концепција најмногу ќе биде на штета на нашите деца и образовниот кадар.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека се потребни реформи во образованието но предходно мора да се седне заедно со сите политички чинители и образовната фела и да се направи национална долгорочна стратегија која што ќе биде плод на консензус, па потоа да се креираат концепти, реформи и мерки кои што значително ќе го подобрат образовниот систем.

Затоа, уште еднаш бараме итна јавна расправа за реформите во образованието во рамки на Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието на Република Македонија.

Во спротивно, Мила Царовска ќе покаже дека бега од дебата и е свесна дека новата концепција е комплетно промашување, истакна пратеничката Стаменкоска Трајкоска.

Најнови вести