понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дејан Митревски- Урко: Шофершајбната на стариот мерцедес создаваше диоптрија па имавме чести вртоглавици

Дејан Митревски- Урко: Шофершајбната на стариот мерцедес создаваше диоптрија па имавме чести вртоглавици

Пред Судот денеска исказ даде и шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Дејан Митревски- Урко.

Тој изјави дека стариот мерцедес бил многу амортизиран и имал проблеми со гумите кои често пукале. Митревски рече дека се јавил во фабриката и од таму му соопштиле дека замена нема, бидејќи тие гуми се исфрлени од употреба.

– Мерцедесот имаше проблеми со старата шофершајбна, а за неа исто така немаше замена. Таа често пати ни правеше главоболки поради тоа што создаваше диоптрија. После подолго гледање низ шофершајбната имавме вртоглавици. Исто така моторот грееше, проблеми со хладњакот и хидрауликата, па почесто го носевме на сервис, рече Урко и додаде:

„Имавме уште едно „Гранд Широки“, но и тоа беше старо и накнадно блиндирано и тоа често пати го враќавме со шлеп служба. Јас често пати реагирав кај претседателот на владата, бидејќи јас сум тој кој одговара за животите на вип личностите во возилата и воопшто. Свесен за ова, од прв ден инсистирав за ново возило, но добив одговор после 6-7 години кога се набави новиот Мерцедес. Претседателот цело време ме убедуваше дека има возила и дека сега за сега тие ќе се употребуваат“, рече сведокот.

Митревски раскажа и случка кога на возилото му откажала хидрауликата во возење, па тој со левата рака го грабнал воланот на шоферот и помогнал да не удрат во куќа на пат накај вилата на Водно, туку удриле во столпчиња и имало минимална штета.

На минатото рочиште повеќе од пет часа исказ даваа 11 сведоци на одбраната.

Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект.

Најнови вести