петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Струмица санкционирани 115 возачи – 34 за брзо возење

Во Струмица санкционирани 115 возачи  – 34 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Општина Струмица изречени се вкупно 115 мерки, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила, 34 за возење со брзина поголема од дозволената и останати 53 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.