петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Наместо да се загрозуваат животите на граѓаните да се спроведе електронски попис, ќе собираме потписи да го спречиме постојниот фалсификат попис

Мицкоски: Наместо да се загрозуваат животите на граѓаните да се спроведе електронски попис, ќе собираме потписи да го спречиме постојниот фалсификат попис

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната изјава од средбата со занаетчиите во Старата Скопска чаршија, одговарајќи на новинарско прашање за пописот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од Иницијативата за собирање на потписи за укинување на законот за попис, укажувајќи дека од почетокот на следниот месец ќе започне собирање на потписи бидејќи како што рече тој таква била законската процедура.

Не, напротив, во текот на вчерашниот ден имавме седница на Извршниот комитет на партијата, ја разгледавме процедурата за собирање на потписи и таа започнува со иницијатива од 100 пописи во подрачните единица на Државната изборна комисија. Откако ќе се соберат 100 потписи потоа се доставува до спикерот во собранието кое што понатаму до матична комисија, законодавно – правна комисија ја препраќа таа иницијатива и откако ќе се констатира комплетноста на првичните сто потписи тогаш се известува спикерот во собранието кој што понатаму го известува предлагачот но и претседателот на владата кој што пак понатаму ја доставува во рок од 20 дена иницијативата до подрачните одделенија на Државната изборна комисија и процесот на собирање на потписи започнува, така што во текот на утрешниот ден ќе ја започнеме оваа постапка. Очекуваме формално собирањето на потписи да започне таму некаде почетокот на следниот месец бидејќи такви се законските процедури.

Во меѓувреме, Хрватска го одложи пописот соседна Бугарија го одложи пописот, Србија го одложи пописот, Сојузна Република Германија го одложи пописот, Романија бидејќи на нив животите на граѓаните им се мили за разлика од нашата влада животите на граѓаните не им се мили, тие се луѓе кои што се подготвени и врз живи луѓе да газат само да дојдат до својата цел а тоа е како да го пљачкаат сопствениот народ. Ние како ВМРО–ДПМНЕ апелираме и јас како човек како граѓанин во оваа држава апелирам да не го прават тоа затоа што нема ништо поскапоцено од животот на еден човек. Ништо нема да смени ако ние го одложиме пописот за некој месец плус или минус. Немојте да ги загрозувате животите на луѓето а притоа да крадете пари, затоа што доста им е на овој народ од криминалци без разлика дали се тие од СДСМ дали се од ДУИ или од друга политичка партија па дури и од ВМРО-ДПМНЕ. На народот му е преку глава од криминалци во политиката. Затоа нашиот апел е ако веќе насилно сакаат да го протнат овој процес на попис тогаш тој процес нека биде електронски а да не биде ваков со загрозување на здравјето на граѓаните. Нека учат од нашите соседи каде што луѓето политичарите се грижат за животите на луѓето, за разлика од кај нас тие се грижат само за себе, додаде тој.

За комбинираниот попис, Мицкоски нагласи дека тоа го слушнал од Зоран Заев додавајќи дека тој се обидувал да презентира некоја кованица која што и на него не му е јасна.

Па таква кованица слушам од Зоран Заев изминативе денови, човекот се обидува да презентира некоја кованица која што и на него не му е јасна. Под комбиниран попис претпоставувам мисли дека ќе дојде попишувачот и матичниот број ќе го внесе во системот, па таму ќе се споредува со определени бази на податоци и врз основа на таа споредба ќе се добијат конечните резултати. Но, повторно мора дома некој да ви тропне и физички да присуствува додека вие го читате Вашиот матичен број и останатите параметри кои се Ваши лични податоци.

Согласно Уставот, секој од нас граѓаните е должен да го заштити сопственото здравје, но и да го заштити здравјето на околината и ако тоа не го направи тогаш тој практично прави прекршок. За жал повторно ќе кажам, тие дали бил комбиниран или дали бил само теренски, свесно го туркаат народот во едно апокалиптично сценарио. Повторно ќе кажам, поради пандемијата на која што сите наши соседи сериозно и приоѓаат и одложен е пописот во Бугарија, во соседна Србија, во Хрватска, одложен е пописот во Романија, во Сојузна Република Германија и така натаму. Само кај нас овие луѓе одлучија брутално да ги загрозат животите на граѓаните. И затоа ние рековме како последна опција, направете електронски попис, секој граѓанин да може со едноставно приклучување на интернет да биде попишан, а потоа споредувајте според бази на податоци кои што никој во државава не ги знае освен Зоран Заев и можеби оној директно на Државен завод за статистика, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести