вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Исчезнати две лица од Скопје- полицијата од вчера трага по нив

Исчезнати две лица од Скопје- полицијата од вчера трага по нив

Се трага по две лица кои вчера се пријавени како исчезнати, во два посебни случаи.

Во Полициската станица Бит Пазар, С.С.(39) од Скопје вчера пријавил дека од домот се оддалечил Ш.У.(42) од Скопје.

Исто така во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Гази Баба, К.Б.(66) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат М.Б.(60) од Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.