Актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини денеска ја доби поддршката на ОФС Кичево и официјално се кандидира за нов мандат на функцијата прв човек на македонскиот фудбал.
Сејдини на денешното собрание на ОФС Кичево ја доби целосната поддршка од делегатите со што е предложен како кандидат за нов мандат на претседателската функција во пресрет на изборното собрание.
Првиот човек на македонскиот фудбал функцијата претседател ја извршува две години и во неговиот мандат македонската фудбалска репрезентација обезбеди учество на едно големо натпреварување како ЕП.
Сејдини кој претходно беше и потпретседател на ФФМ неколкупати најави дека ќе се кандидира само доколку добие поддршка од својата база со што од денеска неговата кандидатура е и официјална.
На Собранието на ОФС Кичево присуствувал и заменик директорот на АМС кој на присутните им посакал успешна година на фудбалски план.