вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се намалува водостојот на реките

Се намалува водостојот на реките

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки од просекот за февруари и бележат благо намалување на нивото во споредба со вчерашното, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок е реката Вардар на мерното место кај Демир Капија каде водостојот е малку покачен во споредба со вчерашниот.

За разлика од реките, водостоите на природните езера се исти како вчера иако кај Преспанското и Охридското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец и тоа за 1,4 метри кај Преспанското и за 12 сантиметри кај Охридското Езеро. За разлика од нив нивото на Дојранското Езеро е за 2,91 метар повисоко од просечното.

Најнови вести