вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Г.Г Стефан: Ова што денес се случува е срамно и недостоинствено, Гоце никаде не рекол поинаку освен тоа дека се бори за слобода на Македонија

Г.Г Стефан: Ова што денес се случува е срамно и недостоинствено, Гоце никаде не рекол поинаку освен тоа дека се бори за слобода на Македонија

Денеска се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев. По овој повод на неговото вечно почивалиште панихида одржа поглаварот на МПЦ, Г.Г Стефан.

Поглаварот на МПЦ порача дека она што денес се случува е срамно и недостоинствено алудирајќи на преговорите меѓу Македонија и Бугарија околу идентитетот на Делчев.

– Гоце Делчев целиот живот и се што правеше го посвети на својот македонски народ. За жал, ова што се случува по речиси 120 години по неговото заминување е срамно и недостоинствено. Никаде тој не рекол поинаку освен тоа дека се бори за слобода на Македонија и дека никој од соседите не може да биде подобар за Македонија од смаите Македонци, кажа Г.Г Стефан на гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.

Најнови вести