четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Андреа Лекиќ се враќа во Крим

Андреа Лекиќ се враќа во Крим

Словенечки ракометен тим Крим  според информациите на медиумите од оваа земја се пред ангажман на српската ракометарка Андреа Лекиќ.

По десет години, Лекиќ се враќа во оваа екипа каде настапуваше во периодот од од 2007 до 2011 година.. Некогашната вардарка во Крим сега доаѓа од црногорскиот Будуќност.

Лекиќ и Крим се договорија за едногодишна соработка. Во шампионот на Словенија доаѓа и Драгана Цвијиќ , а исто така договорена е и Барбара Аренхарт, бразилската репрезентативна голманка.

Нова ракометарка на Крим од следната сезона ќе биде и Тјаша Станко од француски Мец.