среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Проблеми за Ансу Фати, пак оперативен зафат

Проблеми за Ансу Фати, пак оперативен зафат

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, ќе треба да направи трета операција на коленото, повреда која го мачи од почетокот на ноември минатата година.

Досега двапати му беше извршен оперативен зафат на коленото на Фати, но поради нови проблеми ќе треба и по третпат да оди под нож. Според информациите сезоната за него веќе е завршена.

Ова е големо разочарување за талентираниот млад фудбалер, која оваа сезона ја започна одлично со пет погодоци во 10 настапи за Каталонците .