Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола доживеа пораз од 26-23 на гостувањето против Загреб, во рамките од СЕХА-лигата.
Ракометарите од Битола имааат заѓто да жалат затоа што имаа и позитива од пет гола разлика,но на крајот мечот го загубија.
Кај ППД Загреб прв стрелец беше Буриќ со пет погодоци, а на голот одличен беше Ашанин со седум интервенции.
Пелистерци на отворањето на сезоната во СЕХА лигата извојуваа победа на свој терен против Металопластика, додека следниот натпревар го играат кон крајот на овој месец, во Битола против Татран Прешов. Во меѓувреме ќе се сконцентрираат на натпреварите во Европската лига, а за прв противник оваа година го играат тимот на Татабања, против кого во салата „Боро Чурлевски“ ќе се судрат на 10 и 11 февруари.