Продолжуваат активностите на Општинските фудбалски сојузи во пресрет на најавеното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.
Во Дојран се одржа и Собранието на ОФС Гевгелија на кое присуствуваа 17 од поканети 27 делегати.
За претседател на ОФС Гевгелија избран е Боро Истатов, а воедно е дадена е и едногласна поддршка на кандидатурата на Муамед Сејдини за нов мандат како прв човек на Фудбалската федерација на Македонија.
Боро Истатов од ОФС Гевгелија е предложен како кандидат за член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.