Црногорскиот ракометен репрезентативец Василије Калуѓеровиќ официјално е нов член на скопски Металург.
Составот од „Автокоманда“ се засили на бековските позиции, а Калуѓеровиќ може да игра на позиција среден и лев бек од доаѓа од редовиот на шведскиот Гуиф.
Металург потврди дека договорот со Црногорецот се однесува на оваа и следната сезона.