После земјотресот 63-тата, Шилегов е најголемата катастрофа за Скопје. Четврта година на функција, а градоначалникот Петре Шилегов го остави главниот град без ниту еден свој капитален проект. 12.7 милиони евра доби од скопската бонбона бизнис од продажбата на градската куќа која ја наследи. Веројатно парите се потрошени на тековни расходи а градот нема репрезентативно седиште исто како што нема ниту еден капитален проект, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека Шилегов по 4 година се уште единствените проекти кои ги работи се оние кои веќе беа отпочнати и наследени од неговиот претходник.
– Се што вети излажа. Вети и излажа чист алпски воздух. Градот Скопје е еден од главните градови во Европа со најмногу загаден воздух. Мандатот го започна со уништување на шумата на Водно и масакарот на падините кон Матка. Вети капитални сообраќајни решенија. Вети и излажа спуштена крстосница кај Мавровка. Вети и излажа продолжување на булеварот Илинденска. Вети и излажа тунел под Кале. Скопје го има најубавиот неизграден тунел под Кале и најубавата неизградена крстосница кај Нова Македонија ветена од Шилегов, посочи Стоилковски.
– Шилегов тргна од Универзалната сала да правел паркинг, а готовите решенија за нејзино обновување кои ги наследи се уште му стојат во фиока. Шилегов ги остави младите генерации без Луна Парк, готови машини стојат во хангари, а Шилегов до толку не е способен дури и да ги монтира. Шилегов четврта година продава магла, лаги. А Скопје стагнира, тврди тој.
Стоилковски црвство вели дека напред одат само бизнис интересите на скопскиот градоначалник и дека пола милион евра потрошил за макети во зоолошката градина и за новогодишни лампиони.
– Но затоа Шилегов се обезбеди со ново вработување на како шофер 19 годишно момче кој е еден од 135-те нови партиски вработувања на определено време во градот Скопје за кои годишно ќе се одвојуваат до еден милион евра. Шилегов е срам за Скопје. Шилегов не е човек кому може да му се верува. После земјотресот 63-тата, Шилегов е најголемата катастрофа за Скопје. Шилегов никогаш повеќе, додаде тој.