Фудбалскиот клуб Тигрес го победи бразилски Палмеирас со 1-0 и е првиот финалист на Светското клупско првенство кое се одржува во Катар.
Како и во четвртфиналната фаза, човек на одлука на мексиканскиот претставник беше францускиот напаѓач Жињак кој погоди од белата точка и го постигна единствениот погодок на овој меч.
Противник на тимот предводен од Рикардо Ферети ќе биде подобриот од дуелот меѓу Ал Ахли и Баерн Минхен кој ќе се игра утре.