Вистински хит потег се случи на натпреварот од втората германска лига меѓу Карслуе и Регенсбург
Фудбалерите на домашната екипа ги збунија играчите на Регенсбург, а изненаден беше и коментаторот на натпреварот.
Додека играчот се подготвуваше да изведе корнер, за тоа време во казнениот простор беше само еден играч и сите останати на екипата која се бранеше. Шест фудбалери на Карслуе чекаа корнерот да се изведе.
Гостите не знаеја што им се подготвува, а домаќините во еден момент се затрчаа и ги заземаа нивните позиции, акција планирана на тренинзите.
Гол не беше постигнат, но оваа акција е хит на социјалните мрежи.
😬😬😬 https://t.co/WG5z0tGFg5 pic.twitter.com/pPsuEC25N5
— Carl Carpenter (@C_Carpenter14) February 7, 2021