вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казнети 218 возачи за брзо возење

Казнети 218 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.02.2021) полициските станици за безбедност во сообраќајот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, на територијата на целата држава биле санкционирани 218 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Најнови вести