недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед го повтори клупскиот рекорд во ФА купот

Манчестер јунајтед го повтори клупскиот рекорд во ФА купот

Тимот на Манчестер Јунајтед синоќа го победи Вест Хем со 1:0 во осминафиналето од ФА Купот. Победникот беше решен по продолженија, откако основните 90 минути завршија 0:0. Единствениот гол го постигна Скот Мектоминај во 97. минута.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед го повтори клупскиот рекорд со девет последователни домашни победи во ФА Купот.

Претходно, ваква серија „црвените ѓаволи“ имаа во периодот од 1908 до 1912 година.

Досега пласман во следната фаза од ФА купот покрај Манчестер јунајтед избори и екипата на Борнмут.