петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев ја призна неспобноста на градоначалниците, голем број од нив ги „фрли“

Заев ја призна неспобноста на градоначалниците, голем број од нив ги „фрли“

На повидок се локалните избори кои треба да се одржат наесен и се повеќе е актуелната темата кои се ќе се кандидира за изборите. Но, граѓаните секојдневно се повеќе го искажуваат своето незадоволство од актуелните градоначалници од СДСМ.

Но, не само граѓаните туку и премиерот Зоран Заев најверојатно не е задоволен од работата на своите партиски војници кои ги извршуваат функции на градоначалници. Тоа го потврди на вчерашната прес конференција каде најави дека лично ќе застане зад неколку актуелни градоначалници на локалните избори кои треба да се одржат наесен.

– Јас како претседател на СДСМ лично ќе застанам зад неколку кандидати, што секако не мора да значи дека ќе биде конечна одлука, бидејќи ние имаме јасни статутарнии определби како тоа се прави. Но, сум исклучително задоволен од градоначалникот на Валандово, на Дојран, на Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, новиот градоначалник на Штип, Старо Нагоричани, Крушево, Маврово Ростуше и сигурно има и други општини. Ова го кажувам за да испратам порака да продолжат добро да работат, но и оние што не ги споменав, да си ги завршат своите работи и пртограмски ветувања, кажа Заев.

По ваквата изјавата на Заев забележително е дека тој не е задоволен од работата на градоначалниците го голем број општини односно не е задоволен од работата на градоначалниците во поголемите општина. Исто така оттука се поставува прашањето дали за локалните изборите голем број на градоначалници нема да ја добијат неговата поддршка за втор мандат за изборите.

Најнови вести